Основно училиште „Мирче Ацев“ - Скопје


Нашето училиште

Од основањето до денес

Кога за прв пат е организирано основно образование за децата од гратчето Ѓорче Петров немаме сигурни податоци. Но, првата училишна зграда во Ѓорче Петров била изградена во периодот од 1928 до 1930 година. Сега веќе ја нема, а многу граѓани се сеќаваат дека се наоѓала во близината на Пожарниот дом. Името на училиштето од тоа време не е познато, а непосредно по ослободувањето го добива името на народниот херој Мирче Ацев. Тогаш, во рамките на обновата и градењето на државата започнува образованието на младите генерации на македонски јазик.

Прва училишна зграда
Прва училишна зграда

Во почетокот наставата била организирана со завршување на четврто одделение, а првата генерација полуматуранти со седмо одделение завршила во учебната 1945/1946 година. Се работело само во 4 училници и три смени, а учениците биле од пошироката околина на Ѓорче Петров.

Сеќавања на Томислав Младеновиќ: „Јас бев ученик во првата генерација ученици кои го завршивме основното образование во Основното училиште „Мирче Ацев”. Тоа беше одамна во учебната 1945/1946 година. Директор на училиштето беше Влади-мир Царев, а од наставниците се сеќавам само на неколку и тоа: Благоја Ивковиќ (фискултура), Аркадија Северинов (математика), Нада Чадикова и...

Меѓу најстарите наставнички колективи
Меѓу најстарите наставнички колективи

Бидејќи во училишната зграда немаше доволно училници, ние како полуматуранти наставата ја следевме во наставничката канцеларија. Бевме вкупно седум ученици и тоа:

Томислав Младеновиќ, Андреја Алексов, Љубомир Василев, Свето Ивановски, Томислав Исаков, Бранислав Стојанов и Даница Николова.

Како последица од брзиот развој на индустријата, трговијата и занаетчиството, порасна и бројот на жителите во Ѓорче Петров. Неминовно се наложи потребата од поголем училишен простор и во 1948 година започна изградбата на друга училишна зграда, лоцирана наспроти киното во Ѓорче Петров”.

Втора училишна зграда
Втора училишна зграда

Томислав Атанасовски вели: „Имав 11 години и добро се сеќавам на изградбата на таа училишна зграда, вели Томо. Се градеше на доброволна основа, ударнички. Сите помагаа, па и ние учениците. Градбата заврши во 1950 година.

Таа зграда ја нема, а се наоѓаше на местото на првата станбена зграда наспроти киното. Во објектот имаше осум училници, распоредени на сутерен и спрат. На сутеренот имаше и простории (станови) за наставниците. Така тие по цел ден беа заедно со учени-ците. Во зградата постоеше и мала фискултурна сала и тука многу често се проектираа филмови. Добро се сеќавам дека уште тогаш во училиштето се изведуваш е настава и на албански јазик за учениците што доаѓаа од селата Крушопек, Грчец, Глумово, Рашче, Радуша и други. Некои ученици беа сместени и во интернатот на училиштето. Јас, основното образование го завршив во 1952 година во тоа училиште. Во тоа време директори на училиштето беа: Владо Трајковски, Васко Поповски и Ѓоко Ѓорчевски. Завршна година беше седмо одделение, а веднаш по мене другарите учеа и осмо одделение. Не бев добар ученик, но бев добар спортист и учествував во други активности. Постојано бев на игралиштето во дворот на училиштето.

Добро се сеќавам на изградбата на тој спортски терен. Во тоа многу помогна Стоилко Павловски. Тој беше еден од подобрите ученици на првите генерации. Живее во Чаир, би било добро ако можете и со него да разговарате”.

Втора училишна зграда

Од Стоилко Павловски е добивме интересни информации.
Еве што тој вели:
Многу наставници на сликата познавам. Тоа се:
- Ѓоко Ѓорчевски
- Олга Ѓорчевска
- Радислав Атанасовски
- Нада Чадикова
- Љубица Бундалевска
- Маргарита Цуракова и други”

Во периодот кога стопанството беше во полн подем, една подземна стихија ги пресече артериите на тој растеж. Тоа се случи на 26 јули 1963 година. Во катастрофалниот земјотрес втората училишна зграда беше многу оштетена и мораше да се урне. Наставата за учениците од прво до четврто одделение се изведу-ваше во училишниот двор и во првата училишна зграда, додека, пак, учениците од петто до осмо одделение одеа во Основното училиште „Моша Пијаде”, сега „Димитар Поп Георгиев Беровски”. Подоцна, учениците од петто до осмо одделение две години следеа настава во зградата на ДСУ „Кочо Рацин”. Во тој период веќе беше во изградба третата училишна зграда. Наставата во оваа зграда започна во второто полугодие во учебната 1967/1968 година и до денес сеуште се изведува во неа.

Во текот на изминатите 6 децении училиштето го посетувале многу, многу ученици. Од нив повеќето го завршиле основното образование и успешно продолжиле во средното и високото образование, а своите работни способности ги вложиле или сега ги вложуваат во развојот на државата, во иднината.

Поединци и денес го посетуваат училиштето, најчесто во својство на родители, или, пак, службено. Невозможно е да ги споменеме сите, но успеавме да направиме краток разговор со некои од нив.

Душан Чакмаков вели: „Како ученик во вашето и моето училиш те најмногу се интересирав за математика. Таа моја желба ја исполнував посебно во рамките на математичката секци-ја. Решававме многу убави за-дачи и го користевме списани-ето Математички лист.

Можеби оттука се јавува мојата понатамошна определба да завршам Природно математички факултет, група применета математика. Потоа докторирав на истиот факултет и денес рабо-там како професор на Машинскиот факултет во Скопје”.

Благоја Вељановски вели: „Роден сум 1954 година. Јас сум од првата генерација ученици кои во седмо одделение започнавме да посетуваме настава во сегашнава училишна зграда. Во клупа седевме заедно јас и Мице Јанкуловски. Завршив гимназија во Ѓорче Петров, а потоа истовремено студирав на два факултети. Подоцна доктори-рав физика и сега работам како професор на Природно Математичкиот факултет во Скопје”.