Основно училиште „Мирче Ацев“ - Скопје


Дома

Кој е ОХО и што работи?

Невладината организација ОХО, од 1998 година со подршка на Бирото за развој на образованието континуирано работи на остварување на програмата „НЕМАМЕ РЕЗЕРВНА ПЛАНЕТА“ во различните нејзини сегменти.

Програмата се имплементира во основните училишта во Републикава со помош на Бирото за развој на образованието. Програмата нуди голем број различни дидактички материјали, како и конкретни оперативни еколошки програми по кои училиштата можат да работат соодветни обуки за наставници за имплементирање на програмата,исто така, програми за инволвирање на пошироката јавност и програми со кои децата и училиштата ќе го пренесат своето искуство на другите.

Кој е мотивот на ОХО?

Човештвото денес поседува капацитет да се самоуништи. Затоа е битно се повеќе да расте граѓанската свест да секој поединец на различен начин придонесе да се спаси ова парче земја односно да се зачува од уништување.

Програмата „Еко училиште“ е еден од проектите на едукативната програма „Немаме резервна планета“ и има за цел стекнатото знаење на тема животна средина да се примени во праксата. Преку оваа програма ќе се подигне свеста на учениците, наставниците, родителите и сите оние кои на директен или индиректен начин се вклучени, на темата заштита на животната средина, а со тоа се овозможува теоретското знаење да се примени во праксата.

ЕКО УЧИЛИШТЕ „МИРЧЕ АЦЕВ“

Нашето училиште од учебната 2008/2009 год стана член на мрежата еко училишта во Републиката. Подготвената програма од страна на Еко одборот се реализира според предвидениот план.

Во нашето училиште се реализира и проектот „Вози велосипед“ кој навистина е од големо значење.

Целта на овој проект е да се промовира велосипедот како средство за рекреација и превоз.

Намерите на овој проект се да ја подигнат свеста кај учениците и родителите за користење на велосипедот во замена на автомобилот кој ја загадува околината, подобрување на мускулатурата, трошење на калории кај корисниците на велосипед.